Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска претпладне сончево со мала облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, ветер, oд северозападен правец, повремено ќе се засилува.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука