Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската (полу)подморница го чека летото во каналот „Студенчишта“

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската (полу)подморница, која неодамна доби сериозно медиумско внимание го чека летото во каналот „Студенчишта“.

Во пресрет на годинешната туристичка сезона, Охрид доби уште една интересна понуда – првата (полу)подморница.

Станува збор за интересно пловило, кое најчесто сме го гледале на морските туристички дестинации. Semi-submarine или полу-подморница е пловило кое има стаклен дел на дното за туристите да можат да уживаат во водниот свет во езерото, но и подводните локалитети во Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука