ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Al Jazeera: Повеќе од 700 нелегално изградени објекти на Охридското Езеро (Видео)

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На крајбрежјето на Охридското Езеро има повеќе од 700 нелегално  изградени објекти, а скоро секојдневно се градат нови.

– Поради тоа локалното население бара итна реакција од власта, а Антикорупциската комисија предлага Владата на Република Македонија да преземе дел од ингеренциите од локалните власти за да може ефикасно да се реши овој проблем на кој укажува и UNESCO, потенцира во прилогот новинарката Милка Смилевска.

Првиот човек на Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески за Al Jazeera вели дека проблемот датира подолго време наназад и дека на општината и’ е потребен буџет за да може да се руши на повеќе места.

– Ако не постапиме така ќе бидеме обвинети дека сме селективни. За да се спроведе оваа операција потребна е логистика, пари и политичка волја, но и поддршка од охриѓани кои треба да се изјаснат дали сакаат да останат под UNESCO, вели Георгиески. (Крај)

извор: Al Jazeera фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука