Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични пријави за две лица од Охрид поради непочитување на забраната за движење

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишниот К.Д. и 18-годишниот Х.Д., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Пријавените, на 28-ми април 2020 година, околу 17:30 часот, биле затекнати на улицата „Андреа Јованоски“ во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука