Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Четири лица во Охрид и едно во Струга не го почитувале полицискиот час

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 24/25.2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид 4, Струга 1, Кичево 3).

– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид 43, Струга 15, Кичево 15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид 2, Струга 1) и 36 контроли на угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука