Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Пристигнувањето на штафетата на младоста во Охрид во 1984 година

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страната на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“  од Охрид денес беа објавени фотографии од пристигнувањето на штафетата на младоста во Охрид во 1984 година.

Настанот се одржал на Полигонот за мали спортови во Охрид, на денешен ден во далечната 1984 година.

Image may contain: 4 people, people standing

Погледнете го видеото од посетата на Јосип Броз Тито на Охрид во 1967 година. Тој е срдечно поздравен од граѓаните на Охрид. За време на престојот, тој ги разгледува најзначајните културно-историски споменици.

На 25. мај 1979 година Јосип Броз Тито, доживотниот лидер на СФРЈ за последен пат присуствуваше на прославата на Денот на младоста, а штафетата му ја предаде студентката од Приштина Сание Хисени, која му се обрати на албански и српско-хрватски јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ‎Davor Dišlievski‎/Брег на младоста

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука