ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Жители од населбата „Охридати“ нападнати од кучиња скитници (Фото)

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Жители од охридската населба „Охридати“ реагираат на глутницата кучиња која е постојано во населбата.

– Постојано се околу зградите. Има десетина кучиња од кои некои се навистина агресивни. Мене ме нападнаа додека се движев кон домот со моите деца, велат револтирано за Супер радио и OhridPress дел од граѓаните кои живеат во овој дел на градот.

Тие испратија фотографии и апелираат до одговорните да го решат проблемот пред да се случи некој посериозен напад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука