Економија Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Делфина Турс: Автобуските линии Охрид-Скопје и обратно почнуваат од утре, 27-ми мај, ќе ги одржува Македонија Сообраќај АД

Охрид, 26. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Редовните линии Охрид-Скопје и обратно со попатните станици ги превзема и редовно ќе ги одржува реномираната компанија за превоз Македонија Сообраќај АД, информираат од Делфина Турс.

– Ви посакуваме удобно и сигурно патување со Македонија Сообраќај АД чиј приоритет долги години наназад се Вашата сигурност и удобност во патувањето. Патниците кои имаат неискористени повратни карти ќе можат да ги искористат до 15.06.2020 година. Од 27-ми мај 2020 година, Македонија Сообраќај АД започнува со одржување на линијата Охрид-Скопје во 07:15 часот и Скопје-Охрид во 14:45 часот, информираат од Делфина Турс. (Крај)

извор: Делфина Турс фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука