Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

20 граѓани не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица

Скопје, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 26/27.05.2020 година, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 20 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука