Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид и следната сезона во Втората МФЛ

Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот фудбалски клуб Охрид го задржа второлигашкиот статус, откако Управниот одбор на Фудбалската федерација на Република Македонија го усвои предлогот од Натпреварувачката комисија. Сезоната во Втората МФЛ која беше стопирана, денеска е официјално прекината.

Од Втората МФЛ нема испаѓање, а првопласираните екипи на табелата во запад (Пелистер) и исток (Беласица) обезбедија пласман во Првата лига, објавија на нивната официјална страна на Facebook од ГФК Охрид Лихнидос.

– Сакаме да упатиме голема благодарност до УО и ФФМ за одлуката и за сериозниот пристап кој беше наметнат од самиот почеток на пандемијата од вирусот Ковид -19. Нам како клуб ова ќе ни биде втора шанса да се покажеме во вистинско светло. Во дебитанската сезона го плативме цехот на неискуството, но подучени и со нови мотиви ќе ги исправиме сите наши грешки и сите успеси ќе ги избориме на теренот. Исто така сакаме да им го честиме пласманот на Пелистер и Беласица во Првата лига и им посакуваме многу успеси. На крај, сакаме да упатиме голема благодарност до охридската публика и јавност, навивачката група „Рибари“, фудбалерите и стручниот штаб и спонзорите, без кои клубот немаше да припаѓа на второлигашкото друштво, порачуваат од ГФК Охрид Лихнидос. (Крај)

извор: ГФК Охрид Лихнидос фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука