Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охрид дел од меѓународен проект за културно наследство

Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу градовите кои се дел од проектот кој го имплементира министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција и Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со асоцијацијата на градови од Република Македонија со архитектонско наследство со седиште во Велес.

Покрај Охрид во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Велес, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Штип и други градови посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Со овој значаен проект планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан. (Крај

извор: МИА фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука