Избор Локална самоуправа

Од општина Охрид со реакција на последното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Охрид, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Очајната потреба за поголема присутност во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ прераснува во вистински циркуз, реагираат од општина Охрид на изнесеното во последниот допис до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Нивните соопштенија и јавни настапи, со кои сакаат да купат трошка доверба кај охриѓани се тотално промашување и надвор од сите логични норми за политичко дејствување на една опозиција. Нејасно е како без ниту малку срам ја отвараат темата за УНЕСКО, кога многу добро знаат дека оваа локална и централна власт предвидена од СДСМ презедоа многу значајни чекори во рамки на заложбите за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, за разлика од власта на ВМРО-ДПМНЕ кои не само што не ги решаваа проблемите, туку и вешто ги сокриваа од јавноста. Ги прашуваме дали толку лицемерно сакаат да ги лажат граѓаните, па почнале и самите да си веруваат во сопствените лаги и дали навистина не знаат дека забелешките и препораките од УНЕСКО дојдоа како резултат реактивната мисија за Охридско-Струшкито регион од 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетна власт и на локално и на централно ниво? Што направија и какви мерки презедоа тогашниот градоначалник Никола Бакрачески и тогашниот премиер Никола Груевски за да го зачуваат статусот на УНЕСКО? Зошто не донесоа План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион? Колку бесправни граби отстранија тие и колку диви градби никнаа во време на нивното владеење, кога подготвуваа мегаломански проекти и сакаа да изградат “парапетче” околу целото Охридско Езеро? На охриѓани им е повеќе од јасно дека оваа локална власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески, со комплетна поддршка на централната власт, преку посветена работа оствари резултати кои што централна власт на ВМРО-ДПМНЕ не успеа ни да ги замисли за 11 години централна власт и 4,5 години локална власт во Охрид? Во однос на отстранување на дивоградбите за кои што се толку многу “загрижени”, би ги запрашале господата од ВМРО-ДПМНЕ- Зошто вчера не ја поддржаа одлуката на Советот на Општина Охрид со која беше предвидено обезбедување на 3 милиони денари од општинскиот буџет за отстранување на бесправно изградени објекти – стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука