Избор Охрид

Прекин на водоснабдување на улица „Радојца Новичиќ“

Охрид, 28. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – МЈП Проаква – РЕ – Водовод Охрид ги информира граѓаните кои живеат на потегот на улицата „Радојца Новичиќ“, дека денес ќе има прекин во водоснабдувањето.

Ќе нема вода во периодот од 09:30 до 12:00 часот.

Ќе се врши интервенција на водоводна линија.

Во пресрет на летната сезона, РЕ – Водовод Охрид врши превентивно санација или замена на старите водоводни цевки, на дел од водоводна линија во повеќе улици низ градот. (Крај)

извор: Охрид Прес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука