Избор Охрид

Започнуваат „Денови на кариера и промоција“ на ФТУ Охрид

Охрид, 28. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес и утре ќе го организира настанот „Денови на кариера и промоција“.

Ќе се презентираат студиските програми и можностите за студирање. Свои штандови ќе имаат повеќе компании од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата.

Тие ќе ги презентираат можностите за сезонско и трајно ангажирање на дипломирани и активни студенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави