Свет

Прогласена тридневна жалост во Непал

Катманду, 28. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Непал е прогласена тридневна жалост во спомен на жртвите од земјотресот.

Според последните податоци, бројот на жртвите по земјотресот надминува 4300 лица.

Владата во земјата изјави дека поради ограничените средства со кои располага, ќе и’ биде тешко да стигне побрзо до сите настрадани и да се справи со последиците од земјотресот.

– Не сме подготвени да се справиме со катастрофа од овој вид, рече премиерот Бам Дев Гаутам.

Според податоците на ОН околу осум милиони луѓе се погодени од земјотресот, додека 1,4 милиони имаат потреба од храна, вода за пиење и засолниште. (Крај)

извор: АП фото: АФП

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука