Забава Избор

Кралицата Елизабета држи дури шест Гинисови рекорди

Лондон, 16. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Британската кралица Елизабета Втора има 94 години и сѐ уште е здрава и витална. На престолот на Обединетото Кралство седнала во февруари 1952 година, а во последните 68 години од нејзиното владеење, срушила дури шест светски рекорди и нејзиното име е исто толку пати запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Елизабета Втора е кралица која најдолго владее со некоја монархија.

Таа е најбогата кралица во светот, а нејзиното богатство се проценува на 310 милиони фунти. Поголемиот дел од богатствто доаѓа од скапоцените камења, накитот, уметнички дела и недвижностите.

Исто така, држи рекорд и по бројот на земјите во кои во моментот е глава на државата. Елизабета Втора иако нема политичка моќ, таа е кралица во 16 земји на Комонвелтот.

Четвртиот рекорд што го држи е повторно во пари, нејзиното лице беше на банкноти од 35 земји во светот. Зад неа се кралицата Викторија, која била на банкнотите на 21 земја, а кралот Џорџ В. на 19 од нив.

Елизабета Втора е најстара британска кралица во историјата.

Таа е исто така и најстариот монарх во светот, откако умрел кралот на Саудиска Арабија Абдула Бин Абдулазиз Ал Сауд во 2015 година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука