Забава Избор

Фолтин со онлајн настап на „Европски ден на музиката“

Скопје, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Скопје годинава ќе биде еден од 12-те градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day), при што ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи, соопшти Град Скопје.

Главен организатор на 21-то издание на мацифестацијата „Европски ден на музиката“ е Атина, која во оваа манифестација ќе учествува заедно со 26 други грчки општини, каде што ќе бидат емитувани концерти во живо или специјално снимени за оваа манифестација. Со свои концерти во оваа манифестација годинава се вклучуваат и градовите Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.

Настанот ќе се одржи на 21 јуни (недела), ќе биде 10-часовен музички маратон кој ќе биде пренесуван преку Интернет (live-stream) и ќе претставува вистинско музичко патување низ Европа. Сите музички настани ќе бидат емитувани низ светот преку дигиталните канали и профили на организаторот (Асоцијацијата Европскиот ден на музиката – European Music Day Association).

Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.

Ова е уште една голема меѓународна културна манифестација во која Град Скопје зема учество, што претставува уште еден доказ за нашите заложби Скопје да прерасне во европски модерен град, каде што вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. За потсетување, Град Скопје поднесе кандидатура за титулата на Европската комисија „Европска престолнина на културата“ во 2028 година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука