Забава Избор

Доделувањето „Златен глобус“ преместено за февруари

Беверли Хилс, 23. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Свеченоста на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се спроведе во февруари 2021 година, соопштија организаторите на официјалната интернет-страница.

– Утврден е нов датум за 78-та церемонија за доделување на наградите „Златен глобус“ 2021 година. Со задоволство соопштуваме дека настанот ќе се одржи во недела на 28 февруари 2021 година. Свеченоста ќе биде емитувана во живо од телевизиската компанија Ен-би-си од „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија, се вели во известувањето.

Обично, наградите се доделуваат првата недела на јануари, но сега тоа е поместено поради пандемијата на коронавирусот. Наградата „Златен глобус“ ја врачува Асоцијацијата на новинари од странство, акредитирани во Холивуд. Се доделува еднаш годишно и, по престиж, е на второ место, по Оскарот.

Одличијата опфаќаат 25 категории од областа на филмот и телевизијата. Наградите биле востановени 1943 година од осум новинари од странство. Првото доделување се одржало 1944 година. Победниците денес се определуваат од 93 членови на Асоцијацијата. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука