Избор Локална самоуправа

Во понеделник седница на градскиот Совет

Охрид, 23. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – За идниот понеделник, 29-ти јуни е закажана44-та седница на градскиот Совет.

На дневен ред се шест точки меѓу Предлог- одлуката за измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти.

Пред советнициците ќе се најде и предлог-одлуката за воспоставување соработка помеѓу Охрид и скопската општина Центар.

Седницата е закажана за 11:00 часот, а ќе се одржи во зградата на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука