Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро денес на кота од 693,62 м.н.в, пет сантиметри под просекот за јуни

Охрид, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и натаму останува под просекот за месец јуни.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,62, што е за пет сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,67 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 16 степени.

No photo description available.

Нивото на реката Црн Дрим е на два сантиметри под просекот, а водостојот на реката Сатеска и натаму е со негативен предзнак.

Времето денеска сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на идната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука