Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанка пријавила дека била физички нападната од сопругот

Охрид, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јуни 2020 година, 32-годишна жена од Охрид, во СВР Охрид пријавила дека на 22-ти јуни, околу 23:00 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 37-годишниот С.С. од Скопје.

– Според пријавеното, тој на сопругата и на членови од нејзиното семејство, им упатувал закани по нивниот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука