Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Животот и традицијата на младите“, документарен филм на охриѓанката Нина Ангелоска

Охрид, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Младата охриѓанка Нина Ангелоска веќе подолго време преку фотографскиот објектив ги овековечува препознатливите локации низ Охрид, а пред неколку дена го промомира и своето филмско првенче.

На нејзината Фејсбук страница Nina’s Photogragphy ги доловува природните и културните убавини и традиции на Охрид и охридскиот регион.

Неодамна таа преку социјалните мрежи го промовира својот прв документарен филм насловен „Животот и традицијата на младите“. Преку раскажувањето на баба Менка таа ни ги пренесува обичаите и настаните околу и за време на поголемите зимски празници во охриското село Пештани.

– Филмот е снимен за време на новогодишните празници. Претставени се традициите за одбележување на Новата година, како и празниците: Коледе-Бадник, Божик, Стара Нова година и Водици. Преку раскажувањето на баба Менка доловив како се славеле овие празници порано, а во филмот има и видео и фото материјали од одбележувањето на празниците сега. Снимањето траеше околу 20 дена, а обработката една недела. Идејата за темата беше моја, а кон самиот проект ме насочи мојата професорка по македонски јазик и литература Ирена Бачиќ. Се надевам дека создадов интересно, визуелно четиво кое ги опишува сите случувања во посочениот период, вели Ангелоска за Супер радио и OhridPress.

Фотографија на Nina Angeloska.

Инаку, Нина е ученичка во охридската гимназија и покрај другарувањето со фотоапаратот и пасијата кон фотографирањето тренира и карате и има освојувано бројни медали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Нина Ангелоска

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука