Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер online премиера на претставата „Ај да си речиме уште една“

Охрид, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на YouTube каналот на охридскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.

Претставата, која е особено атрактивна, премиерата ја имаше при крајот на на 2011 година и за секоја наредна изведба се бараше билет повеќе.

Во неа се зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика.

Улогите ги толкуваат:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.

Online премиерата на претставата „Ај да си речиме уште една“ е во 21:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука