Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Скопје кои го нарушиле јавниот ред и мир во Охрид

Охрид, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Т. и 17-годишниот С.М., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување по здравствените прописи за време на епидемија“.

– Тие, на 22-ри мај 2020 година, во 02:50 часот, пред стамбен објект на улицата „Никола Карев“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување на јавно место. Пријавените, немале соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган и не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните заради спречување на ширење на коронавирус COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука