Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Пештани, фатени во „незаконит риболов“ со 28,62 килограми пастрмка

Охрид, 26. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј.М. и 24-годишниот Ј.П., двајцата од охридското село Пештани.

– На 4-ти февруари 2020 година, во 18:00 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското Езеро а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба Охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука