Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за 2 лица од струшко кои спречиле полициските службеници да преземат мерки кон лица во угостителски објект во Струга

Струга, 26. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.А. од струшкото село Калишта и 29-годишниот В.Н. од селото Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

– Двајцата, на втори јуни 2020 година, во 21:00 часот, им се спротивставиле на полициските службеници да извршат контрола и легитимирање на гости во угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Дополнително, пријавените ги спречиле полициските службеници да преземат службени мерки кон лица кои не ја почитувале уредбата за носење заштитна маски. Контролите биле преземени во соработка со Државниот пазарен инспекторат со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на заразна болест COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука