Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 27. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

– Денес и утре во попладневните часови и претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука