Дејвис Купот и Купот на Федерации преместени за догодина
Париз, 27. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Последните кола од тениските натпреварувања Дејвис Купот и Куп на Федерациите 2020 се одложени за во 2021 година, пренесува прес-службата на Меѓународната тениска федерација.
Финалето на Дејвис купот требаше да се одржи во Мадрид од 23 до 29 ноември 2020 година, а новиот датум за старт на турнирот беше 22 ноември 2021 година.
Финалето на Купот на Федерациите требаше да се одржи во Будимпешта од 14 до 19 април 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.
Новите датуми за турнирот се од 13 април до 18 април 2021 година. (Крај)
извор: Плусинфо фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |