Избор Избори 2020 Македонија

Бачев бара државен врв од Православна вероисповед

Скопје, 27. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС0 – Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, предводена од Јанко Бечев лидерот на „Единствена Македонија“,промовираше уште еден како што вели Бачев стратешки чекор, кој ќе го спроведат доколку ја добијат довербата од гласачите.

– Трите клучни функции во државата како во сиот нормален свет на запад мора православни македонци. Наша прва задача во парламентот ќе биде да направиме промена на уставот и законот со кој ќе се предвиди дека највисоките државни функции Премиер на државата, Претседател на државата и Претседател на Собранието мора да ги водат православен и македонец. Ова е практика во сите западни и развиени демократии посебно во монархиите. Пример е Англија. Таму без проверка на нивната служба за безбедност, кој го испитува секој кандидат за премиер наназад до четврто колено неможе да биде премиер. Ние тука имавме поразителна ситуација. Во 2017 кога дојде до промена на Власта,, видете ги трите битни функции Горѓе Иванов беше претседател на државата, тој не е македонец, ама е православен. Зоран Заев како премиер беше македонец, а не е православен. Талат Џафери не е православен и не е македонец. Имавме поразителна ситуација највисоките државни функции да не ги водат македонци и православни, вели Бачев.

Тој додава дека не станува збор за  никаков шовинистички испад во втор и трет ешалон слободно можат да бидат припадници на другите националности.

Инаку коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, својата платформа ја наслови „Битка за Македонија со 10 стратешки определби. Оваа платформа е поделена низ Македонија во 100.000 примероци.

Бачев во име на коалицијата го повика народот масовно да излезе на 15 ти јули, бидејќи како што вели ние како „Единствена Македонија“ и коалиција „Никогаш Северна, само Македонија“, ја бараме првата шанса на изборите, а тоа може да биде и последната шанса за Македонија. (Крај)

извор: Единствена Македонија фото: Единствена Македонија

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука