Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица од Охрид го нарушиле јавниот ред и мир во Авто-кампот „Градиште“

Охрид, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми јуни 2020 година, во 14:30 часот, на плажа во Авто-кампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.

– Пријавен е инцидент со карање и викање помеѓу 35-годишниот Ј.Ѓ. и 44-годишниот Љ.С., двајцата од Охрид. Против нив, во согласност со одередбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука