Избор Избори 2020 Македонија ТОП ВЕСТИ

Дурловски: Ќе ги зголемиме инвестициите во образованието на 5% од БДП и повисоки плати за наставниците

Битола, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски денес од Битола порача дека програмата за „Обнова на Македонија“ ќе донесе доста реформи кои ќе помогнат на младите генерации во образованието и исто така на просветните работници.

– Знаењето го открива нашиот потенцијал, го развива и ни овозможува најдоброто од нас да го споделиме со другите. Образованието е можност нашите деца да креираат подобра и посигурна иднина и да ги спротивстават сопствената индивидуалност, знаењето и вештините со своите врсници од Европа и светот, истакна Дурловски.

Тој напомена дека овие неколку години граѓаните се сведоци на отсуство на политики кои креираат развој и унапредување на образованието во Македонија, во сите негови сегменти. Време е да се променат нештата.

– Ние мора да создадеме амбиент во кој императив ќе биде соодветната преобразба на младите. Новата образовна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ нуди прогресивни и конзистентни образовни политики, мерки и проекти во насока на модернизација на образованието, подобрување на условите за стекнување на функционално знаење. Ќе ги зголемиме средствата за образование на 5% од БДП. Ќе направите реформа во средното стручно образование во функција на стопанството што ќе овозможи брзи вработувања на стручниот кадар во македонските компании. Ќе воведеме целосни стипендии за постдипломски студии и докторски студии за најдобрите студенти од државните универзитети во Македонија, појасни Дурловски.

Дурловски од Битола порача дека ќе се вработат најдобрите 200 студенти на државните универзитети во земјата. Програмата за „Обнова на Македонија“ ќе овозможи и модерна, образовна инфраструктура и дигитализација на образовниот систем. Реформи ќе се донесат и правилна валорализација на труд на просветните работници која ќе подразбира и  покачување на платите за 2.5 пати во однос на сегашните.

– Ние мораме соодветно да наградиме трудот на професорите, на просветните работници бидејќи тие ги градат нашите млади генерации. Бидејќи пренесувањето на знаењето е професија која креира други професии. И конечно демократизација и образовна реформа која ќе им овозможи место на македонските универзитети на престижната Шангајска листа. Обновата ќе донесе модерно и европско образование во Македонија, нагласи Дурловски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука