Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос на 22-ри август ги стартува натпреварите во Втората лига

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Македонија, го одреди 22-ри август како датум за почеток на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига запад и исток.

ГФК Охрид Лихнидос втора сезона по ред ќе биде дел од одбраното второлигашко друштво.

– Клубот, стручниот штаб и фудбалерите, со нетрпение ги очекуваат подготовките и натпреварите, кои се надеваме ќе се играат пред полни трибини, велат од Охрид Лихнидос.

Охридскиот клуб го  задржа второлигашкиот статус, откако Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот од Натпреварувачката комисија. Беше одлучено да нема испаѓање на тимови од Втората фудбалска лига – исток и запад, а лидерите на табелата, Пелистер и Беласица, да се префрлат во прволигашкото друштво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука