Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Реџепи, Ташкоски и Новичиќ уште една сезона во Охрид Лихнидос

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Душан Новичиќ, Шериф Реџепи и голманот Стефан Ташкоски ја продолжуваат соработката со ГФК Охрид Лихнидос.

Тројцата ставија потпис на нов едногодишен договор со охридскиот клуб. Официјално, досега, девет фудбалери и двајца голмани ја продолжија соработката со ГФК Охрид Лихнидос, а како засилување во летниот преоден рок договор потпиша капитенот на Кораби од Дебар, Един Мерсовски. Со ова поплека се креира костурот на  екипата за следната сезона во Втората фудбалска лига – Запад, која почнува на 22-ри август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука