Спорт

Алба Берлин со прва германска титула од 2008 година

Берлин, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Алба Берлин го победи Рајзен Лудвигсбург со 75:74, за да ја освои својата деветта титула шампион на Германија и прва од далечната 2008 година.

Тимот на Аито Гарсија Ренесес со комбинирани 163:139 ги победи Лудвигсбург за да го комплетира завршниот турнир во Германија со 10 победи и ниту еден пораз.

Нилс Гифи и Мартин Хермансон имаа по 14 поени во последниот германски меч оваа сезона, додека Маркус Ериксон додаде 13 поени за победата над ривалот. Од другата страна, Лудвигсбург водеше само во првата четвртина и не успеа да стигне до победа и покрај 19-те поени на Томас Вимбуш.

Маркос Најт го пропушти неделниот меч поради повреда на стапалото, но беше именуван за МВП на финалниот турнир со просек од 18.1 поени, 7.9 поени и 3.3 асистенции по меч.

Во февруари, Алба Берлин го освои и Германскиот куп. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука