Спорт

Барди станува „топчија“, тврдат во Шпанија

Лондон, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Арсенал дале понуда за македонскиот репрезентативец на Леванте, Енис Барди јавува шпанското радио „Онда серо“, но додава дека и Фиорентина се заинтересирани за фантастичниот фудбалер од средниот ред.

25-годишниот Барди пристигна во Леванте од Ујпешт за 1.5 милиони евра пред три години, а викендов уште еднаш го покажа талентот со постигнување на прекрасен гол при 4:2 победата на Леванте над Реал Бетис.

Понудата од Арсенал засега е единствена за Барди, но радиото додава дека постои интерес и од Фиорентина и од засега неименуван клуб од Бундеслигата.

Барди постигна 16 гола во три сезони со клубот и оваа сезона е еден од најпостојаните во тимот на Пако Лопез, каде што игра на левото крило. Барди има 3 гола и 4 асистенции во 27 меча во 2019/20. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука