Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тракторист тешко повреден во несреќа кај селото Орман

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС0 – На 28-ми јуни 2020 година, во 13:25 часот било пријавено дека на локалниот пат за охридското село Орман, пред мостот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву рејсер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Т.К. од селото Долно Лакочереј, охридско и трактор „ИМТ“, управуван од страна на 60-годишниот Р.Ф. од Охрид.

– Во незгодата Р.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука