Забава ТОП ВЕСТИ

Концерти ова лето ќе има, капацитетот на објектите само 50 отсто, електронска продажба на билети и сите учесници на настанот да носат маски

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот здравство, Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заразни болести ги одобрила протоколите за организирање на јавни настани.

– Ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите каде се организираат ќе треба да биде полн 50 отсто, карти да се купуваат само електронски и сите учесници на настанот да носат маски. Здруженијата на организатори и на угостители минатата недела предложија навистина солидни протоколи и за пофалба е што прифатија сами да го контролираат почитувањето на мерките, изјави Филипче, пренесе порталот muzika24.mk.

Од Авалон продукција соопштија дека подготвуваат низа open-air концерти во август и септември. Повеќе детали најавуваат за следната недела.

До овој момент потврдени се „Д фестивал“ во Дојран од 21-ви до 23-ти август и „Ohrid calling“ од 31-ви јули до 3-ти август. (Крај)

извор: muzika24.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука