Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Исчезна 50-годишен охриѓанец, жител на Косел со закани и нож одзел пари од 20-годишник

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден 39-годишната С.В. од Охрид, во полициската станица пријавила дека нејзиниот сопруг, 50-годишниот М.В. излегол од дома на 25-ти овој месец и се’ уште не се вратил. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Во друг случај, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот Д.Ј. од охридското село Косел.

На 22-ри мај 2020 година, во 14:00 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, тој сопрел автомобил што го управувал 20-годишниот И.Н. од Охрид и со остар предмет во раката, му се заканал, а потоа му ги одзел парите. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука