ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Акцијата за уривањето на дивоградбите на охридскиот дел продолжи на плажа Канео

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Како што беше најавено продолжи акцијата за отстранување на урбаната опрема и остатоците од нелегални објекти лоцирани на езрското крајбрежје.

По акцијата на потегот од „Горица 3“ до хотелот „Аквалина“ денеска се руши на плажата Канео. Минатата недела екипи на општинските јавни претпријатија во координација го уредија крајбрежниот простор на Охридското Езеро, каде што се отстранија нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.

Уривањето на дивоградбите на охридскиот дел од езерото периодов се меѓу поглавните теми во локалната јавност. За градоначалникот Константин Георгиески плажите не се рушат, туку Охрид се ослободува од бетонските чудовишта. Дециден е дека ќе се продолжи со уривање на дивоградбите. Граѓаните се со поелени ставови, едни се против уривањето бидејќи така ќе изгуби туризмот, а други се за уривање, но да нема селективност и да се опфати целото крајбрежје во Охрид и Струга, како и дивоградбите во градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука