Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од струшко Ливада, кои запалиле куќа во селото Делогожда

Струга, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 57-годишниот С.М. и 21-годишниот А.М. од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– Пријавените, на 30-ти септември 2019 година, насилно влегле во куќа сопственост на 37-годишниот К.Д. од струшкото село Делогожда, извршиле пребарување, а потоа со употреба на запалива течност, целосно ја опожариле, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука