Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Казни за 361 лице поради неносење на заштитни маски

Скопје, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициските службеници досега констатирани се вкупно 24 155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука