Спорт

Јуве даде 80 милиони за Артур, Барса 70 за Пјаниќ, но двата клуба ќе запишат 50 милиони профит?

Торино, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во летото во кое најголемиот клубови на светот се обидуваат да потрошат што е можно помалку пари поради неизвесноста околу економските последици од корона вирусот, „трампата“ меѓу Јувентус и Барселона за Артур Мело и Миралем Пјаниќ е еден од најизненадувачките трансфери.

Јувентус договорија исплата на 80 милиони евра за 23-годишниот Артур, додека Барселона го донесе 30-годишниот Пјаниќ за 70 милиони евра. Во основа се работи за едноставна исплата на 10 милиони евра меѓу двата клуба, сума која е минорна за нив, но според финансиските експерти, двата клуба ќе запишат над 50 милиони профит од зделката. Како?

Фудбалскиот економски експерт на Твитер „The Swiss Ramble“ дава детален опис зошто е така. Двата тима сакаа договорот да се склучи пред 30 јуни, за да се смета во претходната фискална година 2019/20 за да се почитува финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА.

Кога еден клуб купува фудбалер, трошокот за продажба се шири низ годините на неговиот договор во сметките на клубот, додека секоја продажба носи експресно зголемување на сметката. Артур беше купен од Гремио за 30 милиони евра со шестгодишен договор пред две години, така што годишниот трошок е поделен со шест и изнесува 5 милиони евра годишно. Вредноста на фудбалерот „паѓа“ со секоја година, така што сега е 20 милиони евра. Бидејќи Артур е продаден за 80 милиони евра ова лето, профитот на Барса е 60 милиони евра (барем според сметководството).

Пјаниќ беше купен за 35 милиони од Јувентус во 2016 со петгодишен договор, така што годишната „рата“ е 7 милиони евра. Тој вреди 21 милиони евра кога потпиша двегодишно продолжување на договорот во 2018. Сега, со петгодишен договор, тие 21 милиони евра се делат со пет и изнесуваат 4.2 милиони евра годишно, за да вреди 13 милиони евра пред трансферот. Со продажбата од 70 милиони евра во ПОСЕБЕН договор со Артур, како што сакаа двата клуба, Јувентус ќе впише профит од 57 милиони евра на 30-годишниот фудбалер.

Со оваа постапка двата клуба се добитници и добиваат (на хартија) средства за други трансфери.

Поради овие „финти“, може да се опише и уште еден необичен договор од минатата година меѓу Јувентус и Манчестер сити за Жоао Кансело и Данило. Кансело беше ценет на 60 милиони фунти, додека Данило вредеше 34 милиони фунти кога замина во Јуве. Сумите изгледаа преголеми посебно бидејќи сега и двајцата не добија стартни места во своите тимови. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука