Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Карате клубот „Фудошин“ освои сребро на online Државното првенство во кихон и фукуго

Охрид, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонска Традиционална Карате Федерација, вчера се одржа 52-то Државно првенство во кихон (деца) и фукуго (кадети, јуниори и сениори). 

На ова првенство учество зеде и охридскиот карате карате клуб „Фудошин”. Ангелина Симиџиоска го освои второто место во категоријата кихон (деца).

Поради актуелната состојба со коронавирусот и ова Државно првенство се одржа online. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука