Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Виктор Мизо нов претседател на РК Охрид

Охрид, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Генералниот менаџер на Костал Македонија, Виктор Мизо е нов претседател на ГРК Охрид.

Мизо доаѓа на местото на Димитар Василески, кој во средината на мај поднесе оставка од оваа функција поради, како што наведе, неспортскиот и крајно лицемерниот однос на Ракометната федерација на Македонија кон охридскиот клуб, со не давањето виза за учество во Европските купови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука