Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Сребро и бронза за Јован Стојоски на Атлетски митинг во Сараево

Охрид, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот репрезентативец и атлетичар на АК „Охрид“ Јован Стојоски продолжува да нижи успеси и медали.

На 5-от Атлетски митинг „Нови град“ што се одржа во Сараево освои два медали. Во трката на 100 метри освои бронза, а на трката на 200 метри беше вицешампион, со време од 21,85 секунди, што е негов најдобар резултат оваа сезона.

Стојоски е сопственик на четири државни рекорди на Македонија, учесник на Светското првенство во Доха минатата година и на Европското првенство до 23 години е уште еден натпревар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Јован Стојоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука