Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде над 100 килограми марихуана во пловен објект кај струшка „Рампа“

Струга, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на месноста викана „Рампа“ кај Струга во пловен објект на брегот на езерото пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионалнен центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга како резултат на претходно преземени мерки и активности.

– Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот Законик Република Македонија, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука