Избор Македонија

Работниците со бенифициран стаж до 30-ти септември треба да изберат пензиски фонд

Скопје, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од утре, 1-ви јули, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30-ти септември, информира Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

– Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство. Доколку членовите до овој рок не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври 2020 година. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија, појаснуваат од МАПАС. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука