Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 32. степени

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Денес ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Утре и во петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука