Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Казни за 412 лица поради неносење на заштитни маски, издадени 852 решенија за изолација

Скопје, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициските службеници досега констатирани се вкупно 24 567 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 412 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 72 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 852 лица им се издадени решенија за изолација, а 10 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука