Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Никола Симоновски е нов голман на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Второ засилување за ГФК Охрид Лихнидос во летниот преоден рок.

Голманот Никола Симоновски, кој беше дел од екипата на Струга Трим Лум потпиша едногодишен договор со охридскиот клуб.

Претходно капитенот на Кораби од Дебар, Един Мерсовски потпиша договор и следната сезона ќе го носи сино белиот дрес.

Следната сезона во Втората фудбалска лига – Запад почнува на 22-ри август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука